Загрозена ли е иднина на Maserati?

Stellantis вели не!

Објавувањето на финансиските резултати на Stellantis за првото полугодие од 2004-та ги запали светлата за тревога – намалувањето на вкупните приходи за 14 отсто, преполовениот профит и опаѓањето на вредноста на акциите за 22 отсто навестуваа драстични мерки. Во поглед на тоа изјавата на Карлос Таварес дека секој мора да придонесува за профитабилноста инаку ќе се соочи со згаснување, ги распламти шпекулациите. Најмногу за Maserati, за кои некои веднаш кажаа дека ќе се укине, а други пак дека продаде. Не беа поштедени ниту Lancia и DS, па дури и Alfa Romeo и Chrysler, но без фактичка поддршка бидејќи компанијата која раководи со 14 бренда не ги објавува поединечно резултатите за нив. Сепак за Maserati се знаеше дека создаде загуба од 82 милиони евра наместо ланскиот полугодишен профит од 121 милион, што можеби беше и причина да се најде прв на листата за отстрел.

На одговорот не требаше долго да се чека – уверувајќи ја јавноста дека нема никаква намера да го укине или продаде Maserati, Stellantis потврди дека на секој од своите брендови му има дадено временска рамка од 10 години да ги покаже своите пазарни перформанси, притоа сепак признавајќи дека нестабилноста на пазарот и привремените ситуации можат да предизвикаат флуктуации. Се додава и дека Maserati е во транзиција кон електрификација, а се потврдува и дека во подготовка се наследниците на Quattroporte и Levante. Паралелно со развојот на гамата се работи и на проширување на глобалното присуство и зајакнување на имиџот на марката преку истакнување на уникатноста на нејзините производи.

Колку за информација, Maserati во првата половина од годинава продаде 6.500 возила, а лани во истиот период 15.300.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER