Топ 25 најпродавани возила во 2024-та

Пазарот на нови возила во Европа континуирано се менува

Веќе ништо не може да изненади – трансформацијата на пазарот на нови возила во Европа час исфрла едни, час враќа други модели на врвот на листата најдобро продавани. Бројките на Jato Dynamics  кажуваат дека во првата половина од годинава продажбата на нови возила во 28 европски земји кои во добар процент ја претставуваат цела Европа (без Русија, секако) пораснала за 4,4 отсто. Но истовремено е забележано опаѓање на продажбата на електрични возила кое ќе беше доста поголемо кинеските марки да не пораснаа значително. Затоа и не чуди што меѓу првите 25 најдобро продавани модели најголем губитник е Tesla Model Y (-26%), додека пак новиот Citroen C3 заблеска со  пораст 50 отсто. Но она што сите ќе го видат се 43-те проценти плус на Golf, кои го вратија некогаш вечниот владетел на второто место.

  1. Dacia Sandero 143.596 (+16%)
  2. Volkswagen Golf 126.993 (+43%)
  3. Renault Clio 114.623 (+15%)
  4. Volkswagen T-Roc 111.381 (0%)
  5. Peugeot 208 107.097 (+1%)
  6. Škoda Octavia 102.945 (+25%)
  7. Citroen C3 102.304 (+50%)
  8. Tesla Model Y 101.181 (-26%)
  9. Toyota Yaris Cross 99.694 (+3%)
  10. Toyota Yaris 93.576 (+10%)
  11. Peugeot 2008 93.436 (+11%)
  12. Dacia Duster 89.435 (+3%)
  13. Kia Sportage 87.164 (+13%)
  14. Opel Corsa 87.102 (-18%)
  15. Ford Puma 83.972 (+9%)
  16. Nissan Qashqai 82.816 (+13%)
  17. Hyundai Tucson 80.948 (-2%)
  18. Renault Captur 80.778 (+4%)
  19. Fiat Panda 76.450 (+25%)
  20. Volkswagen Tiguan 74.675 (0%)
  21. Fiat 500 72.026 (-20%)
  22. Toyota Corolla 70.701 (+15%)
  23. Audi A3 70.149 (+15%)
  24. Volkswagen Polo 67.125 (+3%)
  25. Volkswagen T-Cross 62.225 (+8%)

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER