Следната година ги чекаат големи казни
Дури 7,5 милијарди евра се проценува дека ќе мора да платат производителите на автомобили во Европа идната година бидејќи се заоструваат регулативите за емисиите на јагленород диоксид. Според прописите, тие од 2025-та се намалуваат за 15 отсто односно на само 81 g/km CO₂ сметано на ниво на просечна емисија на целокупната продажба на возила. Ова не е ништо ново и сите производители доста добро го знаат, но маките дојдоа со слабиот интерес за електричните возила кои значително влијаат на намалувањето на бројките. Така, секој оној што нема да може да ги постигне целите ќе мора да плати по 95 евра за секој грам јагленород диоксид вишок, за секој автомобил регистриран во текот на година.


