За прв пат, Законот за патен сообраќај во Германија, поставува ограничување за употреба за канабис додека се вози
Германија реши да ги стави во законска рамка „надуваните возачи“. По советувањето направено помеѓу правни експерти од осигурителот АРАГ, полицијата и докторите донесена е законска рамка за дозволеното ниво на ТХЦ за управување со автомобил.
Според ново донесениот закон нивото не смее да се надмине вредност од 3,5 нанограми на милилитар TХЦ (тетрахидроканабинол) количина што треба да одговара на концентрација на алкохол во крвта од 0,2 промили. Возачите кои ќе ја игнорираат оваа регулатива се соочуваат со казна до 3.000 евра. Ако се употребува и алкохол заедно со Марихуана, казната може да биде уште поголема.
Лимитот на ТХЦ го поставија експерти од медицината, правото, сообраќајот и полицијата. Меѓутоа, за возачите почетници во пробниот период и за младите возачи помлади од 21 година, пушењето трева зад воланот е генерално забрането, исто како и алкохолот.


