Старите возила помалку загадуваат од електричните

Јапонците имаат свое чудно видување на загадувањето на воздухот

Чудно но вистинито – старите бензински возила помалку ја загадуваат околината од новите електрични. Така тврди стручниот тим од еден јапонски универзитет кој има направено сеопфатна анализа на возила произведени од 1990 до 2016 година и со помош на сложен алгоритам е пресметано просечното влијание на автомобилите на националниот јагленороден отисок. Тие податоци потоа се споредени со емисиите на CO₂ кои се испуштаат во атмосферата при производството на електрични возила. Резултатот е запрепастувачки – доколку сопствениците ги задржат своите возила десет отсто подолго време место да ги заменат со нови електрични, Јапонците ќе имаат почист воздух. Причината е јасна – колку и да се старите возила големи загадувачи, при производството на нови автомобили сé уште многу се испушта јагленород диоксид во атмосферата. Според податоците на јапонските универзитетски истражувачи 24 отсто од јагленород диоксидот за кој се одговорни возилата доаѓа од нивното производство.

Ваквите заклучоци сепак не треба да се генерализираат и да се смета дека еднакво важат и во остатокот од светот бидејќи Јапонија има доста млад возен парк сочинет во голема мерка од хибридни возила. Целокупниот животен век на возилата во земјата, од купувањето до носењето  на отпад изнесува само 13 години, а дел од автомобилите уште додека се релативно нови, со старост од само неколку години, се извезуваат – во Русија, Австралија, Монголија, Блискиот Исток…

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER