Денеска на фестивалот на брзина во Гудвуд европско деби има Prelude Concept
Honda ја слави 25-годишнината од своите хибридни возила и воедно го потврдува враќањето на Prelude во Европа.
Концепт автомобилот премиерно беше претставен на саемот за мобилност во Јапонија минатата година. Европската кариера Prelude ја заппочна пред 45 години и се сметаше за технолошки предводник на Honda во лансираните пет генерации.
Во 2001 година беше повлечен од пазарот. Јапонците се уште не откриваат со кои мотори, перформанси или други технички спецификации новото купе ќе дојде на европските пазари, ниту датумот на лансирање, па дури и цените. Она што е сигурно е дека моделот со две врати ќе има и хибриден погон.



