BMW X3 – Подвргнат на темелен редизајн

Во очекување на електричниот кросовер од средна категорија кој ќе биде поставен на сосема нова платформа, BMW го освежи Х3 и најавува дека уште долго ќе биде во служба.

Баварците многу мудро ја разработија својата стратегија. Покрај забрзаната електрификација на понудата не се откажуваат од моторите на согорување. Таков е и случајот со обновениот Х3. Не се сите купувачи подготвени да се префрлат на електричен погон.

За оние што тоа го сакааат BMW од идната година ќе им ја понуди iX3. Паралелно во игра останува Х3 па поради тоа подвргнат е темелен редизајн. Задржано е актуелното меѓуоскино растојание од 2.865 мм, но сега кабината е подолга за  34 и поширока за 29 милиметри.

Визуелниот отисок се приближи до изгледот на Х1. Предницата ја карактеризираат големите бубрези кои сега се осветлени кај најсилната изведба М50, додека останатите ќе може да го добијат како опција.

Ново меѓу кросоверите на марката е контроверзната шема на маската составена од вертикални и дијагонални линии која е резервирана за  изведбите со приклучен хибрид. BMW вели дека кај новиот X3 каросеријата доби поцврста структура.

Има подобрено подвозје и однесување во свиоци добиено со различни геометриски измени што ја зголемуваат прецизноста и стабилноста на управувањето. Ажурираниот интериер треба да ја зголеми атрактивноста и престојот во кабината.

Имплементиран е веќе познатиот заоблен дисплеј кој ги обединува инструмент таблата и инфозабавниот  екран. Технологијата OS9 на BMW овозможува ажурирања преку воздух и им овозможува на сопствениците пристап до апликации за стриминг на музика и видео, вести, навигација со зголемена реалност и игри.  На избор се два бензински мотори со 48 волтен благ хибрид кој ја зголемува нивната моќност.

Дволитарскиот бензинец сега испорачува 208 КС и 400 Nm, додека забрзувањето до стотка остана 7,8 секунди. Тоа се должи на зголемувањето на тежината поради благиот хибриден систем. Трилитрениот шест цилиндерски твин турбо бензинец сега е засилен на 398 коњи и 580 Nm. Тој ќе ја задвижува верзијата М50. Во понудата остана и дволитрениот четири цилиндерски турбо дизел со 197 коњи кому ќе му се придружи и шест цилиндерскиот дизелаш во средината на идната година.

Во гамата е понудена и верзија со приклучен хибрид која ја носи ознаката 30е. Таа го комбинира дволитрениот бензинец со електро мотор интегриран во осум степениот автоматски менувач, испорачува системска моќност од 299 КС и има електрична автономија до 91 километар.

Продажбата на рестилизираниот Х3 започнува во почетокот на четвртиот квартал на годинава кога и ќе пристигне во Македонија. Што се однесува до цените увозникот М-Кар не информира дека стартната изведба со дволитрен бензинец ќе чини 70.000 евра додека дизелот 20d ќе биде околу 71.500 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER