Последен од својот вид
Како дел од програмата за трансформација на понудата кон електричните води, Jaguar после F-Pace го прекинува производството и на F-Type и тоа на истиот ден кога пред 50 години и последниот E-Type се симна од производствените ленти. Искрено кажано и време беше да замине во пензија бидејќи се произведува од 2013-тата, од кога компанијата има направено само 87.731 примерок од него. Сепак обврската да го чува наследството на марката беше поважна од пазарните резултати, а F-Type во свои купе и кабриолет верзии гордо и во целост ја исполни.
Неговиот дизајн беше добро прифатен од страна на купувачите чие внимание постојано беа задржувано на високо ниво со моќните мотори – најсилниот од нив располагаше со 575 коњски сили. Колкаво значење овој модел има не само за Jaguar туку за целата авто-индустрија сведочи фактот што звукот на неговиот V8 мотор е зачуван во британската библиотека за идните генерации да можат да го доживеат. Последниот примерок нема да отиде во рацете на некој богат колекционер туку ќе остане во официјалната колекција на компанијата. Наредниот нов модел на Jaguar ќе биде елегантен и скап гранд турер со четири врати, поставен на електрична платформа која ќе биде испорачана од кинескиот Chery.


