Премиера – Mazda CX-80 – Новиот знаменосец

Долга речиси пет метри, Mazda CX-80 е фокусирана на Европа, има три реда седишта, хибриди и дизели

Mazda го претстави најновиот член на семејството на спортско-корисни возила што постојано се проширува.

Во најновата еволуција дизајнерите се фокусирале на чистиот и елегантен дизајн кој ги краси новите модели на марката. Со речиси пет метри должина и меѓуоскино растојание подолго од три метри, CX-80 не е само издолжена верзија со три реда седишта на CX-60, туку е модел со своја персоналност.

Кога ќе дојде на пазарот на есен, ќе биде најголемо возило по габарити на Mazda во Европа. Во внатрешноста, Mazda CX-80 има три реда седишта. Во зависност од верзијата, во него ќе се сместат шест или седум патници, со опција за две одделни седишта и централна конзола за вториот ред.

Во секој случај, двете седишта од третиот ред можат да се преклопат и во багажниот простор да се формира рамен под. Mazda CX-80 е скроена како знаменосец на марката во Европа и тоа го докажува не само со изгледот, туку и со опременоста.

За оваа прилика воведена е Alexa говорна контрола на возилото, новиот хибриден навигациски систем комбинирајќи „offline&online“ услуги, како и системот што посебно ќе им се допадне на оние што влечат приколка. Тој преку централниот дисплеј со графички приказ овозможува идеална позиција во однос на приколката.

На есен е закажано комерцијалното претставување на СХ-80 и тогаш ќе дојде со два погона и двата со мотори на согорување. Бензинецот ќе биде приклучен хибрид. Ознаката e-Skyactiv PHEV обединува во приклучен хибрид четири цилиндерски бензински и електро-мотор. Системски се добиваат 327 КС и 500 Nm, а само на струја може да се поминат 60 километри.

Електро-бензинскиот склоп достигнува максимални 195 км/ч и забрзува до „стотка“ за 6,8 секунди. Она што треба да и се признае на Mazda е што не се откажува од својата традиција. Дел од неа се дизел моторите. Неодамна развиениот дизел, линиски шест цилиндраш, доби блага електрична поддршка. Така генерира 254 коњи, забрзува до 100 км/ч за 8,4 секунди и достигнува максимални 219 км/ч со просечна потрошувачка од 5,8 литри.

Двата мотори се впарени со осум степена автоматска трансмисија која ја препраќа силата на сите тркала. Интелигентниот Mi-Drive овозможува избор на четири модуси на возење, а CX-80 има импресивен капацитет да влече приколка тешка 2,5 тона. Mazda сериски вградува напредни системи за помош на возачот i-Activsense и тие се насочени кон безбедносната оцена од 5 ѕвезди од Euro NCAP. СХ-80 е најавена да пристигне во дилерстава по летните одмори, а цените нема драстично да отскокнуваат од оние на помалата СХ-60.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER