Alfa Romeo Junior е новото име на Alfa Romeo Milano

Alfa Romeo Milano беше претставен пред помалку од една недела, но веќе претрпе голема промена, името на моделот

Alfa Romeo го доживеа македонското сценарио. Под политички притисок го смени името на штотуку претставениот мал кросовер Milano во Junior. Проблемите започнаа кога шефот на групацијата Stellantis, Карлос Таварез, на лансирањето на моделот минатата недела во Милано обзнани дека производството на најмалата Алфа ќе се одвива во Полска.

Таму веќе се произведуваат FIAT 600 и Jeep Avenger кои се технолошки близнаци со новиот модел на „Миланезите“. Тоа ги возбуди духовите и се вмешаа политичарите. Најгласен беше Адолфо Урсо, италијанскиот министер за претпријатија и произведено во Италија, кој тврдеше дека името е нелегално. Како што објасни тој, „автомобил наречен Милано не може да се произведува во Полска“, бидејќи законот „пропишува дека не можете да давате индикации што ги доведуваат потрошувачите во заблуда“. Всушност, тој тврдеше дека купувачите ќе бидат измамени да мислат дека кросоверот е направен во Милано.

Иако тоа изгледа како смешен аргумент, бидејќи автомобилскиот свет е полн со имиња на модели кои носат имиња на градови, се чини дека притисокот беше премногу за Alfa Romeo. Во официјалното соопштение компанијата објаснува дека и покрај верувањето дека името ги исполнува сите законски услови и дека има прашања многу поважни од името на новиот автомобил, Alfa Romeo одлучи да го промени од „Milano“ во „Alfa Romeo Junior“ во дух на унапредување на меѓусебното разбирање“. Потоа духовито се заблагодари на италијанската влада за „бесплатниот публицитет предизвикан од оваа дебата“.

Извршниот директор на Alfa Romeo, Жан-Филип Импарато рече: „Изборот на името Alfa Romeo Junior е сосема природен, бидејќи е силно поврзан со историјата на брендот и е меѓу нашите омилени и меѓу омилените на јавноста од самиот почеток“. Тој додаде: „Решивме да го смениме името, иако знаеме дека тоа од нас не се бара, затоа што сакаме да ја зачуваме позитивната емоција што отсекогаш ја создавале нашите производи и да избегнеме секаков вид контроверзии“. Извршниот директор продолжи и изјави дека кросоверот веќе е огромен успех бидејќи вниманието што го добија е „прилично возбудливо“. Конкретно, Импарато рече дека добиле „невиден број посети на онлајн конфигураторот, поради што веб-страницата беше урната неколку часа“.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER