По долгогодишната егзистенциска неизвесност, Karma Automotive ја започна својата ренесанса
На лани прикажаното електрично купе Kaveya сега се придружи и лимузината Gyesera. Колкави се очекувањата од неа покажува веќе самиот атрактивен и мускулест дизајн на каросеријата направена скоро во целост од јагленородни влакна и алуминиум.
Внатрешноста е модерно елегантна а перформансите ги обезбедуваат два електромотора со 590 коњски сили вградени назад. Тие обезбедуваат забрзување до американските 60 миљи на час за 4,2 секунди и максимална брзина од 217 км/час, додека масивните батерии од 120 киловат-часа скромни 400 километри автономија. Иако нарачки веќе се примаат продажбата ќе стартува при крајот на идната година по цена од околу 200 илјади долари.
Веднаш потоа се очекува и Kaveya која ќе има четири електромотори со 1.180 коњи за кои лесно може да се претпостави што може да направат. Провизорните податоци велат за забрзување до 96 километри на час за помалку од три секунди и максимални 290. Бидејќи цената сигурно ќе биде висока, може да се очекува и послаба варијанта со два електромотора и погон само на задните тркала. Иако компанијата Karma Automotive е во кинеска сопственост, производството и на двата новитета ќе биде организирано во Калифорнија.


