FIAT Panda – Останува во производство до 2027 година

FIAT потврди дека сегашната Panda ќе остане во продажба, покрај најавуваната електрична верзија, уште три години и ќе се именува како Pandina

Додека трпеливо го чекаме дебито на следната, електрична генерација на Panda во јули 2024 година, FIAT ја претстави Pandina – нова верзија на постоечкиот модел надграден со пакет ADAS и дигитална инструмент табла.

Toa е направено само од една причина, а таа е што купувачите го сакаат постоечкиот модел. И покрај тоа што е заснована на дизајн стар 13 години, Panda останува најпродавана во сегментот на градски автомобили и во Италија и во Европа. Таа ја надмина границата од осум милиони единици од дебито на оригиналот во 1980 година. Најновата еволуција на третата генерација на Panda, која е практично е непроменета од дебито во 2011 година, е фокусиран на додавање технички и безбедносни карактеристики.

Интересно е што неодамнешното зголемување на побарувачката на клиентите го поттикна италијанскиот производител да го зголеми производството на Panda за приближно 20 проценти. На претставувањето наречена е „најбезбедната Panda досега“, но во реалноста таа доби основен ADAS пакет, за да ги задоволи безбедносните прописи на Европската унија.

Стандардната опрема вклучува напреден систем за сопирање за итни случаи, помош за задржување лента, детекција на дремлив возач и препознавање на сообраќајни знаци. На нив им се придружува автоматско долго светло, задни сензори за паркирање и вкупно шест воздушни перничиња.

Внатрешноста на Pandina е надградена со нова 7-инчна дигитална инструмент табла која има три различни графички режими и го прикажува новиот ADAS во акција. Ова е комбинирано со 7-инчен инфозабавен екран на допир, бела табла на контролната табла и малку редизајниран волан.

Седиштата имаат тапацир од со логото Pandina на потпирачите на седиштата и жолти двојни шевови. Надворешноста го прифаќа авантуристичкиот изглед на FIAT Panda City Cross, со неколку уникатни допири. Капаците на ретровизорите се обоени во жолта боја, а на капаците на тркалата е присутно симпатично лице на Панда.

Името Pandina, што е прекар добиен од демунитивната форма на Panda, може да се најде на задните стакла и на страничните лајсни. Покрај постоечката палета на бои, специјалното издание е достапно и во Positano Yellow што може да се комбинира со црн покрив. Pandina и понатаму ќе ја задвижува три цилиндерскиот мотор од еден литар  засилен со благ хибрид од 70 коњи кои се пренесуваат на предните тркала преку шест степен мануелен менувач.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER