Abarth 695 – 75° Anniversario

Со лансирање специјална серија на малиот Abarth 695, прочуената тјунерска куќа започна со одбележувањето на својата 75-годишнина.

Mоделот ќе биде произведен во 1.368 примероци колкава што е зафатнината на турбо моторот што го има.

Неговите 180 коњи преку петстепениот менувач ќе го дотераат до сто час за 6,7 секунди и до максимални 225 километри на час. За запирање ќе се грижат вентилираните и перфорирани дискови со пречник од 305 милиметри и црните Brembo алуминиумски клешти.

За контрола на перформансите пак посебните Koni амортизери а за  комплетно задоволство издувниот систем Record Monza со активен внатрешен вентил за модулација на звукот. Тркалата се од 17 инчи со финиш во златна боја, а меѓу интересните стилски детали е и шкорпијата од логото преку целиот покрив.

Во внатрешноста дизајнерите имаат создадено ексклузивен и шармантен амбиент со елементи од алкантара, нови карбонски седишта и бројни мултимедиски и конективни функционалности. Сето тоа чини 3.500 евра повеќе од најскапата верзија на Abarth 695.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER