Hyundai Bayon – Дискретно освежување

По три години на пазарот малиот кросовер доби лежерно освежување на маската, дизајнот на тркалата и опременоста

Велат дека најдобро дотерување е она што не се забележува. Токму таа филозофија ја примени Hyundai кај освежениот Bayon. Тие се толку суптилни што ќе треба добро да го загледате за да ги забележите.

Во тоа ќе ви помогне светлосната линија која сега ги обединува како жилет тенките фарови и се протега по целата должина над маската на ладилникот. Со ова изгледот на Bayon е усогласен со новите модели на куќата. Има и некои суптилни промени на браниците и решетката што го намалуваат количеството на пластика во боја на каросеријата на предниот дел.

Истата приказна се повторува на задниот дел,  повеќе црна пластика и новообликувани стоп светла во браникот. За утеха на купувачите што ќе се одлучат за обновениот модел се четирите нови бои додадени во палетата.

Внатрешноста, покрај дарежливиот простор за класата, добива сериски 10,25 инчен дисплеј и дигитакна инструмент табла. Системот за навигација може да прифаќа и надградби преку воздух. И тоа е речиси сè што се однесува до фејслифтингот.

Hyundai не ги спомена конкретно погонските агрегати, што мора да значи дека купувачите на Bayon ќе продолжат да избираат од две верзии на истиот 1.0-литарски трицилиндричен мотор со тубо-полнење.

Основната опција произведува 100 КС и 172 Nm, додека нејзиниот поголем брат има 20 коњи повеќе со истиот вртежен момент. Уште е нејасно дали во понудата ќе биде задржана изведбата со 1,4 литрениот бензинец со 100 КС. На избор остануваат мануелниот и автоматскиот менувач.

Сè уште нема информации за цените или кога ќе пристигне во Европа. Судејќи според промените, актуелните цени не би требало да претрпат големи корекции. Во Македонија Bayon се продава од 21.000 до 26.500 евра во зависност на нивото на опременост.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER