Може ли автоматски менувач да биде привлечен како рачен? Така мисли Toyota и ќе го користи GR Yaris RZ-H за да го докаже тоа!
Се шпекулира дека на претстојниот автосалон во Токио, Toyota ќе претстави изведба на „жешкиот“ Yaris GR опремена со автоматски менувач. Јапонците сметаат дека со тој потег ќе се привлечат уште повеќе купувачи.
Моќните спортски изведби се наменети за ентузијастите, кои пак, се поборници на традиционалните вредности и повеќето од нив, покрај моќта на моторот, ги сакаат мануелните менувачи. моментално Yaris GR се нуди исклучиво со шест-брзински мануелен менувач. Toyota работи на нов осум степен менувач што го нарекува GR-DAT, или „Директен автоматски менувач“, за кој верува дека на возачите ќе им понуди доволно привлечно искуство.
Веќе се користи во прототип на тркачкиот Yaris, а раководството на компанијата овој менувач го нарекува „менувач на играта“. Најверојатно DAT наскоро ќе биде инсталиран во сериски модел наречен GR Yaris RZ-H. Останува да причекаме до 12 јануари за да видиме дали озборувањата се точни. Но веќе потврдена е премиерата на GR Yaris кој ќе се појави во две ограничени изданија. Со нив Toyota ќе го прослави својот неодамнешен успех во Светскиот рели шампионат.
Именувани по возачите на својот рели тим Ogier Edition и Rovenpara Edition. Секој возач ќе има по 100 примероци потпишани со неговото име. Тие ќе бидат претставени пред релито во Монте Карло кое ќе се одржи од 24-ти до 28-ми јануари.


