Toyota Land Cruiser – First Edition

Германската квота од 1.000 единици распродадена за половина час

Не чекајќи го Дедо Мраз за да му ги кажат своите желби, Германците сами си нарачаа божиќен подарок. Барем илјада од нив, колку што успеаја да резервираат примерок за себе од првата едиција на Land Cruiser која се распродаде за само 30 минути.

Останатите ќе мора да почекаат до третиот квартал кога Toyota ќе започне со редовна испорака на новата генерација на легендарниот теренец чија цена сé уште не е објавена. Тој на почетокот ќе биде опремен со 2,8 литарски дизел со 204 коњски сили спарен со осумстепен автоматски менувач, а во 2025-тата ќе следи и негова 48-волтна хибридна верзија.

Првата серија се одликува со поинаков изглед со тркалезни светла во ретро стил, двобојна каросерија, дигитални ретровизори, премиум аудио систем и друго.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER