KIA EV9 – Поголема автономија

По завршената европска хомологација, електричното семејно комбе го надмина фабрички декларираниот домет

Пред самиот почеток на продажбата во Европа, KIA EV9 е најавувана како седумсед за долги патувања кој може да помине 541 километар со едно полнење на батеријата. По завршената европска хомологација се покажа дека EV9 со погон на задните тркала и моќност од 150 kW ја надминува декларираната автономија, која сега е 563 километри, а во градскиот сообраќај можно е да помине 774 километри. Верзијата со погон на сите тркала со 283 kW е нејзината спортска варијанта, која спринта до 100 км/ч за 5,3 секунди, исто така се очекува да ја пробие границата од 500 километри.

Друг аспект што го прави новиот предводник на KIA погоден за патување е технологијата за брзо полнење од 800 волти. Батеријата од 99,8 kWh може да се наполни од десет до 80 проценти за само 24 минути под идеални услови, а 15 минути полнење се доволни за поминување до 249 километри. Во ЕУ пазарите, приватните корисници кои ќе направат нарачка за електричниот автомобил до 31 декември оваа година, ќе ја заштедат основната месечна претплата за тарифата „Kia Charge Advanced“ како и за пакетите Ionity и Aral што ги нуди KIA со намалени цени на струјата за три години. Тие добиваат и бесплатен кредит за полнење KIA Charge од 1.200 евра, сума доволна за поминување околу 10.000 километри на електрична енергија.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER