Во чест на легендарниот спортист
Претстојниот суперавтомобил на Alfa Romeo би можел да биде именуван како 33
Пред некое време Alfa Romeo објави дека подготвува суперавтомобил, планиран за претставување на крајот на август за време на одржувањето на големата награда на Италија во формула 1 во Монца. Освен дека ќе биде направен во лимитиран број примероци, за него не беше кажано ништо друго. Јавноста претпоставуваше дека ќе има ознака 6C, а од Alfa беше сугерирано дека ќе биде инспириран од славните модели од историјата на марката, меѓу кои и легендарниот 33 Stradale од 1967-мата.
Можеби токму затоа сега се појавија вести дека ќе ја носи ознаката 33 и дека ќе биде произведен во точно толку примероци. Плус на тоа, се шири и информација дека максималната брзина ќе му биде 333 километри на час. Она што не е поврзано со бројката 3 треба да бидат 2,9 литарскиот V6 мотор со 530 коњски сили и цената од милион евра.
Секако, сево ова колку и да се само шпекулации сепак добро ја подгреваат атмосферата иако сигурно веќе е распродаден.




