Еволуција по следоред
На Канскиот филмски фестивал помпезно е промовиран DB12
На филмското платно Aston Martin присуствува подеднакво долго колку светски познатите ѕвезди. Затоа многу негови „колеги“ присуствуваа на лансирањето на новиот модел од серијата DB.
Кан е вистинското место да се биде виден во вистинско друштво, а на журката што Aston Martin ја посвети на DB12 имаше плејада ѕвезди (види галерија) од филмот, музиката и јавниот живот. Тие го прославија новиот модел од Гејдон кој, всушност е дизајнерско-техничка еволуција на претходникот.
Под хаубата е сместен V8 битурбо моторот од 680 КС и 800 Nm. Тој ја катапултира атлетско-елегантно скултурираната каросерија до стотка за 3,6 секунди и достигнува крајна брзина од 325 км/ч.
За новиот модел инженерите го проширија трагот за шест мм на предните и 22 мм на задните тркала. Поради зголемувањето на перформансите, има нов систем за ладење и поголеми отвори за воздух. Моќта се испраќа преку осум-брзински автоматски менувач и, за прв пат на модел на Aston Martin DB, преку електронски диференцијал на задната оска.
Електрониката има силен надзор над перформансите низ четири претходно дефинирани поставки. Осем филигранската изработка, внатрешноста има неколку целосно интегрирани екрани со висока резолуција од 10,25 инчи.




















