Наменет за ултимативно возачко искуство „под отворено небо“ со 500 коњи, природно генериран звук и последен е од својот вид.Тука е најсилната изведба на Porsche 718 Spyder. Ознаката RS му го донесе високо вртежниот мотор што го има Cayman GT4 RS. Централно поставен, веднаш зад возачот, па грмотевицата на цилиндрите што се „вртат“ до 9.000 пати во минута продира до коските и ветува извонредно возачко искуство. Со ова Porsche го крунисува својот модел со средишно поставен мотор како бескомпромисен спортски автомобил.


