Комбе со луксузни претензии
Многу наменските возила се на залезот на кариерата, но новите трендови од далекиот исток ги враќаат во игра
Пред неполн месец Lexus ја најави глобализацијата на луксузниот LM, а сега и, за Европјаните малку познатата кинеска марка, Maxus настапува со потполно електрично комбе Mifa 9. Тоа е долго 5,27 метри и има седум седишта во конфигурација 2-2-3. Индивидуалните фотељи во вториот ред имаат функции за ладење, греење и масажа како опција. Mifa има моќност од 180 kW и благодарение на батеријата од 90 kWh би требало да има автономија до 440 километри.
Производителот ветува дека батеријата може да се наполни од 30 до 80 проценти во рок од половина час со брзо полнење. Во интериерот има простор во изобилие. Во најопремениот пакет добивате и два електрични подвижни покриви, амбиентално осветлување со 64 бои, камера од 360 степени и дополнителни помагала за паркирање напред. Поклопецот на багажникот и страничните лизгачки врати се отвораат електрично.
Премиум пакетот доаѓа со кожна внатрешност, греење на воланот, масажа и греење на седиштата. Maxus дава петгодишна гаранција за возилото до 100.000 километри и осум години или 200.000 километри на батеријата. Цената е разумни 69.000 евра.


