Разубавен и засилен
По четири години и 700.000 продадени примероци, Peugeot 2008 доби целосно обновен изглед.
Компактниот кросовер е еден од најуспешните модели во сегментот. Peugeot сака да ја задржи позицијата на пазарот па значително го ревидира дизајнот кој сега го носи светлосниот потпис, првпат претставен на 508, со три вертикални светлосни елементи на предниот дел.
Истата формула е употребена и на задниот дел. Во средината на новата предница, креативците на куќата го поставија ревидираниот амблем на брендот.
Во нивоата на опременост Allure и GT, новата предна маска има вертикална шема во боја на каросеријата, додека основната варијанта има хоризонтална шема во сјајно црна боја. Во интериерот кај поопремените едиции дигиталната инструмент табла е на ниво на очите над воланот а десет инчниот дисплеј има нов дизајн и може да се конфигурира поединечно.
Основната верзија доаѓа со аналогни инструменти. Како и досега, i-Cockpit 3D и компактниот волан делуваат заедно. На управувачот се комбинирани контролите за радио, телефон и контрола на јачината на звукот како и гласовна контрола.
Што се однесува до погонот задржани се проверените варијанти. Понудата започнува со трицилиндричниот 1.2 Pure Tech со 100 КС, кој потоа како Pure Tech 130 испорачува 131 КС, кои се пренесуваат на предните тркала преку осумстепен автоматски менувач. Задржан е дизелот 1.5 Blue HDi, исто така со 131 КС и осумстепен автоматски менувач.
Значаен дел од гамата е изведбата со електричен погон. e-2008 учествува со 17,8 проценти во продажбата со повеќе од 75.000 единици. Нејзината автономија изнесува 406 километри, надминувајќи го својот претходник за повеќе од 60 километри. Во исто време, моќноста е достигна 115 kW (156 КС), а батеријата е зголемена на 54 kWh.
На станица за брзо полнење Peugeot ветува 35 минути задржување за полнење од нула до 80 проценти. Следната година хибридна варијанта ќе ја надополни електрифицираната понуда. Се најавува намалена потрошувачка за 15 отсто, а повеќе од 50 отсто од возењето во градски циклус ќе се покрива во електричен режим. Редизајнираниот Peugeot 2008 ќе настапи на пазарот од септември.


