Hennessey – Velociraptor 6×6

Теренски џин

Ford F-150 важи за голем пикап. Hennesey покажа дека тоа не е доволно и го напумпа за неколку стапки и го набилда моторот на 700 коњи…

Преработките што Hennessey ги прави важат за едни од поекстремните. Најновиот доказ за тоа доаѓа во облик на пикапот Ford F-150 кој порасна на дури 8,2 метри потребни за да се смести уште еден пар тркала. Од компанијата велат дека со ваков погон силата многу полесно се пренесува на подлогата, посебно на тешки терени.

А тоа во случајов е многу битно бидејќи Velociraptor 6×6 како што му е ознаката располага со жестоки 700 коњски сили. Нив со помош на компресор ги испалува 5,2 литарски V8 бензинец и ќе го лансираат ова три тони тешко чудовиште до 96 километри на час за само четири секунди. Не се сомневаме дека каде и да се појави ќе привлече огромно внимание, посебно ако се знае дека неговата цена е сулуди половина милион долари.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER