И теренец и манекен
За претстојната моделска година Land Rover го зачини Defender со специјално издание наречено Outbound.
Иако во основа наменето за оние кои бараат помоќни теренски можности, поголемо внимание е посветено на изгледот.
Од стандардните верзии се разликува по неколку софистицирани детали, најмногу посебната завршна обработка на браниците и маската. До тркалата од 20 или 22 инчи ќе стигнуваат цели 500 коњски сили добиени од петлитарскиот V8 мотор по потекло од Jaguar F-Type.
Со нив Defender Outbound до 100 километри на час ќе забрза за импресивни 5,7 секунди, а максималната брзина не му е објавена. Цената му надминува сто и шеснаесет илјади фунти.


