Peugeot Inception Concept – Го инспирира светот на високата мода

Peugeot prêt-à-Porter

Европската премиера на студијата Inception Concept одржана во Париз, Peugeot се потруди неа да ја направи уште по француска.

Визијата за иднината, Peugeot прв пат ja претставi на 5-ти јануари на саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас.

Inception Concept воодушеви со своите смели решенија кои користењето на автомобилот ќе го донесат на ново ниво, особено со технологиите во интериерот кои марката има намера да ги имплементира во своите модели во текот на деценијава.

За европската премиера Peugeot приреди несекојдневно изненадување преставувајќи ја соработката со францускиот дизајнер Емерик Чачуа, основач на модниот бренд 3.Paradis. На презентацијата во Париз, тој претстави јакна инспирирана  од Inception Concept. Самото модно парче алудира на внатрешниот дизајн на концепт автомобилот.

Ова уникатно остварување е облека и техничко уметничко дело. Во изработката на јакната модниот дизајнер  користел леќесто 3D печатење, истата технологија што е употребена за изработка на материјалот што се наоѓа на подот на концептот.

Леќестиот тридимензионален принт си поигрува со оптичките илузии и ја менува бојата во зависност од аголот на гледање. Извршниот директор на Peugeot, Линда Џексон, најави дека ова е почеток на цела серија креативни соработки со Емерик Чачуа. Во пристапот кон иновациите перспективниот дизајнер ги става емоциите и човечкиот елемент во срцето при процесот на создавање, е совршено во склад со вредностите на Peugeot.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER