Политичкиот обрач околу возилата со мотори на внатрешно согорување се стега. Бирократите од Брисел се оглушуваат на мислењата и барањата на производителите па во европскиот парламент е изгласан законот за забрана за продажба на вакви возила во ЕУ. Во Калифорнија започна тестирање на роботско такси без возач, секако на погон на струја додека класиците најавуваат нови генерации на своите најдобро продавани модели. Светот на камионите добива нови димензии со нови концепти и погони а во светот на двете тркала се појавуваат изданија кои имаат повисока цена од премиум автомобилите. Денеска го имаме на тест Volkswagen ID.4, извонредно возило кое го наметнува прашањето колку сме подготвени како држава за електричните возила.


