BMW X5 & X6 – M Competition

Пристигнува тешката коњаница

Само две недели по претставувањето на Х5 и Х6, лансирана е врвната изведба M Competition

Секогаш е задоволство да се види BMW со значката M Competition. Уште поголемо е да се вози, но таа привилегија неможе да си ја дозволи секој. За новата моделска година, веднаш по претставувањето на „цивилните“ Х5 и Х6, баварците не израдуваа со нивните врвни изведби.

За оваа прилика направени се дизајнерски модификации доследни за печатот што го носат. Осем црната маска и карбонските цитати забележливи се порамните Matrix LED фарови  со светла за свиоци. Во тежиштето на ревидираниот интериер е заоблениот екран сочинет од 12,3-инчен дисплеј зад воланот и дисплеј со дијагонала од 14,9 инчи на цебтралната конзола обединети под заедничка стаклена површина.

Украсувањето на внатрешноста е поекстравагантно кај Х6, додека Х5 го задржа раскошната елеганција. Она што им е поважно за купувачите на изведбите M Competition е моторот и техниката. Ревидиран е моторот, по конструкција V8, кому му е додаден 48 волтна хибридна технологија и моќност од 625 КС.

Поддржувачката електронска единица испорачува до девет киловати (12 КС) и е интегрирана во куќиштето на менувачот на новиот осумстепен M-Steptronic. 4,4 литарскиот V8 твин турбо ја постигнува својата максимална моќност на 6000 вртежи во минута и мобилизира вртежен момент од 750 њутн метри во широк опсег од 1800 до 5800 вртежи во минута.

Ова ги забрзува двете каросерии од 0 до 100 km/h за 3,9 секунди. Направени се модификации на преносот на силата до тркалата. Сега системот за погон на сите тркала и диференцијалот повеќе не се поврзани само со контролата на стабилноста, туку за прв пат и со ограничувачот на пролизгувањето на тркалата.

Ова треба да ги забрза реакциите на променливите ситуации на возење и да обезбеди подобра тракција. Добра вест за вљубениците во спортските теренци е што има добра шанса нив наскоро да ги видиме во нивниот македонски дом, во М Кар, а нивната цена е 193.000 за Х5 M Competition и 197.000 за Х6 M Competition.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER