Toyota Grand Highlander – Никогаш доста од простор

Горштакот се проширува

За американскиот пазар популарниот Highlander од летово ќе добие поголема верзија

Ажурирањето на надворешниот дизајн е само најава за она што американците ќе го добијат од новиот рафинат на кросоверот Highlander. Смата додавка Grand укажува дека тој ќе има поголемо меѓуоскино растојание, зголемена кабина и трет ред седишта. Главната вест е поврзана со внатрешноста, се разбира, како и со скриените механички делови.

Што е најважно, Toyota тврди дека новопретставениот Grand Highlander за 2024 година ќе може да прими до седум или осум возрасни лица. Покрај вметнувањето на третиот ред седишта ќе има доволно простор за багаж. На конференцијата за печатот одржана на салонот на автомобили во Чикаго апостроф е ставен на интериерот. Според кажаното, активниот семеен крстосувач нуди бројни простори за складирање низ кабината, багажен простор од 2.775 литри со преклопени седишта, а напред, возачот има пристап до стандарден 12,3-инчен екран за инфозабавниот систем, голема централна конзола што може да собере таблет и има безжичен полнач.

Не се пропушти да се напомене дека низ целата кабина има дури 13 држачи за одложување на шишиња. Кога ќе биде понуден на пазарот, Toyota тоа го најави за летните месеци, ќе има три нивоа на опременост и исто толку погонски единици.

Основната ќе ја задвижува 2,4 литарскиот турбо бензинец со 265 КС, следи хибридниот склоп со 2,5 литарски мотор со избор на погон на предната или двете оски и најсилниот со 362 КС наречен Hybrid Max кој има вртежен момент од 544 Nm. Тој го совладува спринтот до 60 миљи на час за 6,3 секунди и има капацитет за влечење од 2.268 кг. Деталните податоци ќе бидат објавени пред пазарното лансирање.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER