Историјата на „четворката“ на купче
Денеска на изложбата во Париз Peugeot ги прикажува историските модели од серијата 4 заедно со новиот 408
Како многу пати досега се потврдува фактот дека сегашноста е обликувана од минатото, а како е дојдено до актуелниот 408 ќе се покаже низ призмата на историјата на линијата „четири“. Новиот 408 се одликува со брза силуета која е единствена на сегашниот пазар на автомобили и е позиционирана на врвот на сегментот Ц.
До неа, низ текот на децениите е дојдено низ шест иконски модели од серијата чиј прв претставник, Peugeot 401, е промовиран во далечната 1935 година и беше првиот сериски купе-кабриолет што остави сопствен белег во автомобилската историја. По него следеше Peugeot 402 (1938-1942) запаметен по својата иновација: групирање на фаровите зад решетката за да се насочи дизајнот и да се подобри аеродинамиката, област која сè уште беше во колевка.
Втората светска војна направи вакуум во моделската понуда. Требаше да поминат цели 14 години „лавот од Елисеј“ да ја претстави следниот во низа модели од семејството „4“. Тоа беше 403 Cabriolet (1956-1961) кај имаше каросериски варијации од типот лимузина, караван, комбе и пик-ап и стана голем комерцијален успех.
По него следеше делото од соработката со дизајнерското студио Pininfarina. Peugeot 404 Coupé (1962-1968) стана омилен модел на високата средна класа по кого следуваше извонредно успешната лимузина 404, популарно наречена „француски Мерцедес“.
Паралелно со комерцијалните модели Peugeot вложуваше во своето спортско портфолио. Специјално да го одбележи триумфот на 24-часовната трка Le Mans во 1993-та година се појави 405 Mi16. Опремен со дво литарскиот мотор со 16 вентили и 160 коњи беше збогатен со интериер обложен во комбинација од бокс кожа и алкантара. Каросеријата беше поставена на алуминиумски тркала од 15 инчи.
На изложбата на ретро автомобили во Париз започнува одбележувањето на 40-годишнината од Peugeot 205, кој комерцијално беше лансиран на 24 февруари 1983 година. Свеченостите ќе започнат во Retromobile со изложувањето на ретката едиција 205 GTi Griffe, специјално издание опремено со 1,9-литарски мотор со 130 КС.
Изложените егземплари ќе бидат достапни од денеска до 5-ти февруари на локацијата каде се одржува салонот на автомобили, во изложбениот центар на Порт Версај во Париз.



