Годинава што истекува Opel прокнижи успеси и го консолидираше менаџментот. Новите предизвици „громот од Руселсхајм“ ги надминува со позитивен биланс и се пласира на второто место според продажбата во рамките на групацијата Стелантис. Новата Astra го продолжува успехот на претходничките со понуда на три изведби, со мотори со внатрешно согорување, приклучни хибриди и потполно електричнен погон и го освои гермаскиот „Златен волан“. Раководството предводено од Флориан Хутл силно е посветено на својата електрична иднина, но исто така, ги развива напредните технологии што ги имплементира во своите производи. Водородните горивни ќелии се најдоа во комерцијалните возила, а не е исклучено нив Opel да ги развие во своите патнички возила. Несебично ја дели технологијата со остантите членки на групацијата и преставува светилник што го осветлува патот кон иднината. Летото Господово 2022 беше успешно, следното ќе биде исполнето со предизвици од кои, наместо да се плашат, сите вработени на брендот кој ја прослави својата 160 годишнина, се радуваат!
Ова видео во само 73 секунди ја сублимира 2022 година…


