Славејќи го јубилејот од воведувањето на погонот на сите тркала и дебитантскиот настап во „релито на релијата“ Porsche повторно направи верзија наменета за авантура вон асфалтот. Наречена едноставно 911 Dakar, таа останува лута ѕверка и добро се снаоѓа на подлоги несвојствени за своите браќа.


