Хиперавтомобил од 3 милиони долари
888 КС се премногу диви за јавните патишта!?
Токму на време за Божиќ, De Tomaso Automobili го лансираше хиперавтомобилот P900, див ѕвер кој лесно може секој милијардер да го ослободи од здодевниот живот. Со цена од 3 милиони долари и ексклузивитет од само 18 парчиња, ова е идеалниот подарок за кој сонуваат сите шеици со возачки вештини за патека.
Италијанската марка порано беше позната по тркачките и спортските автомобили со ограничено производство, но неговата судбина тргна на полошо во 2004 година, кога De Tomaso отиде во ликвидација. Иако беше пронајден купувач, не заврши добро, а компанијата повторно беше на продажба во 2012 година.
Две години подоцна, името De Tomaso го купи Норман Чои од Ideal Team Ventures, кој исто така е сопственик на Apollo Automobili. Под новата сопственост беше претставен суперавтомобилот P72 во 2019 година, базиран на Apollo Intensa Emozione. Три години подоцна, лансиран е уште еден хиперавтомобил со ознака P, наречен P900. Засега наменет е само за патеката рефлектирајќи ја моќноста на неговиот V12 мотор и неговата тежина од неполни 900 килограми. 6,2 литарскиот V12 е атмосферски ѕвер изграден од германската инженерска фирма Capricorn.
Тежи само 220 килограми, што делумно објаснува како De Tomaso успеал да ја задржи малата тежина. Моторот може да врти до 12.300 врт/мин за прекрасен звук и возбудливи перформанси, благодарение на неговите 888 коњи кои галопираат преку Xtrac секвенцијална трансмисија на задните тркала. Колку и да звучи импресивно, овој погон сè уште е во развој и нема да биде готов до 2024 година. Бидејќи P900 ќе го има своето јавно деби во летото 2023 година, De Tomaso нуди алтернативно решение за погонување на хиперавтомобилот.
Тоа доаѓа од Judd V10, за кој De Tomaso вели дека е поврзан со моторот на болидот Benetton B197 F1 од 1997 година. Во тоа време, имаше 750 коњски сили, но модерните технологии можеа да го убедат да истурка повеќе. Во поглед на дизајнот, De Tomaso P900 е чисто автомобилско порно, со каросерија направена целосно од јаглеродни влакна.
Стилизиран е од истиот тим што ни го даде Apollo Intensa Emozione. Некои делови од каросеријата се добиени од патниот P72, но повеќето од каросеријата на P900 се нови. Скулптурната форма започнува питомо напред, но станува дива одзади, каде што масивниот спојлер има активна аеро-технологија. Аеродинамиката е оптимизирана во воздушен тунел, а уште колку оптиматизации ќе има до неговата премиера ќе видиме во јуни 2023.


