Jeep Avenger – Најмалиот во асортиманот

Со заеднички гени

Ако во 2014-та Jeep изненади со Renegade кој е долг 4,23 метри, тогаш што да се каже за Avenger кој е за 16 сантиметри пократок? Ништо друго освен дека добро ќе се продава – неговите заеднички гени со најпопуларните модели на Stellantis ќе се погрижат за тоа. Атрактивноста сигурно ќе ја зголеми и фактот што ќе биде мултиенергетски – покрај сега покажаната електрична верзија ќе има и класични мотори, секако, хибридни. Направен е со идеја да се допадне на европските купувачи и Американците нема да го видат на својот континент. Изгледот му е фамилијарен но сепак со сопствен карактер. Предниот дел со корпоративната маска му е европски заоблен, а силуетата мускулеста. Внатрешноста е доста симпатично уредена, со виртуелна инструментарија, широка полица за ситници и голема кутија на централниот тунел.

Согласно педигрето на марката, теренскиот имиџ е задржан. Каросеријата е обрабена со заштитни пластики, светлосните групи вовлечени за да бидат помалку изложени на оштетувања, а клиренсот подигнат на 200 милиметри. Електричните технолошки решенија се повторуваат од браќата на истата платформа. Електромоторот развива 156 коњи и ги врти само предните тркала, но најавена е и негова 4х4 верзија. Батериите со капацитет од 54 kWh треба да бидат се доволни за 400 километри, а на возачот на располагање му е и електронскиот Selec-Terrain систем со неколку теренски режими на работа.

Продажбата треба да му започне во март 2023 година, а во Stellantis очекуваат веќе идната 2024-та да стане најдобро продаван модел на Jeep во Европа. Ќе се произведува во Полска, а за цените нема индиции.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER