Легендата се слави со дрифт
По повод прославувањето на 50 годишнината од лансирањето на моделот Renault 5, французите ветија многу возбуда. Тоа го направија со електричниот концепт автомобил Renault 5 Prototype, а сега на сцената настапи интерпретацијата на класикот конструирана за дрифтање. И овој пат со електричен погон потсетува на своите легендарни претци кои жнееја успеси во мотоспортот – Renault 5 Turbo и Turbo2. Токму поради тоа R5 Turbo 3E го има во ознаката бројот 3 а буквата го означува електричниот погон. Екстравагантниот изглед го дефинираат деталите што го нагласуваат неговиот технички напреден карактер. Возилото е подготвено за дрифтање, изгледа како да е „избегано“ од видео игра и покажува дека малите електрични возила може да бидат забавни и да нудат извонредни перформанси. R5 Turbo 3E е дизајниран за перформанси и трки со неговиот погон на задните тркала, изработен е според хомологациските норми на FIA па вкупната сила на моторот изнесува 280 kW (380 КС) а од самиот почеток на возењето на располагање е неговиот мамутски вртежен момент од 700 Nm.
Затоа може да го совлада спринтот до стотка за 3,5 секунди, достига максимални 200 км/ч, а батеријата од 42kWh има доволно енергија за неколку брутални кругови на патека или низ гимкани. Во однос на оригиналот од 1972 година, модерната интерпретација е поширока за 25 сантиметри, долга е рамно четири метри а големиот заден спојлер ја држи каросеријата закована за асфалтот и при најлуди дрифтови. Тежина на каросеријата изнесува 1.500 килограми, а од нив дури 520 отпаѓаат на батеријата Впечатливите вцицувачи за воздух обезбедуваат ладење на моторот и ја зголемуваат аеродинамичноста.
Внатрешноста е скоцкана да има изразено спортски карактер и ги има сите можни електронски остварувања. Вертикалниот лост на рачната сопирачка е задолжителен детаљ во секој автомобил наменет за дрифтање. Сепак модерната електроника на големо е имплементирана во интериерот. Сега возачот има дигитална инструмент табла пред себе поделена на десет сектори, исто како кај тркачкиот Turbo 2 кој имаше исто толку аналогни инструменти. R5 Turbo 3E ќе биде изложен на штандот на Renault на саемот во Париз во октомври.


