Финални подготовки пред тркачките искушенија
Од неговото деби на 25-ти јули во Италија, BMW M Hybrid V8 има нанижано значајни километри за време на голем број тестови на европските тркачки патеки. Инженерите на BMW Motorsport добија вредни основни податоци и ги средија сите почетни проблеми. Резултатот е добра основа за дополнително интензивирање на подготовките на болидот во САД од септември, пред почетокот на сезоната во IMSA WeatherTech SportsCar Championship во Дејтона во јануари следната година.
Првите недели од тестирањето на BMW M Hybrid V8 поминаа добро, при што се откриени слабости, кои се сосема нормални со нов автомобил, а некои веќе се решени. Важно е да се добијат повратни информации од што е можно повеќе возачи, со цел да се добие објективен впечаток за потенцијалот што LMDh болидот го покажува. За време на претходните тестови во Италија и Шпанија, фокусот беше на системските и перформансните проверки. BMW M Hybrid V8 се вози во топли и суви услови, на дожд и ноќе. Во целина, немаше големи технички проблеми. На тестовите во Европа поставена е добра основа за да BMW M Motorsport и BMW M Team RLL ја продолжат фазата на тестови на различни тркачки патеки во САД.
Перформансите и доверливоста ќе играат сè поголема улога во подготовките за 24 часовната трка во Дејтона. За време на овие тестови повторно ќе се користат различни возачи. На 22 септември, BMW M Motorsport ќе ја претстави тркачката боја на BMW M Hybrid V8 во музејот Петерсон во Лос Анџелес.


