Компанијата Римац соопшти дека работи на конструирање на нови батерии за своите автомобили. Со оглед дека Римац не е само производител на автомобили, туку е и технолошка компанија, ова може да има големо влијание не само на Bugatti и Porsche, како делумен сопственик на Римац, туку и за останатите корисници на технологиите што Римац ги развива. Општо познато е дека Rimac Nevera е еден од најсилните автомобили на светот и дека има најдобро забрзување на планетава. Според вестите што ги пласираше компанијата во јавност, се работи на решение за тешките и неефикасни батерии, нешто слично што го направи Тесла со Model Y. Во суштина тоа е батерија што има многу повеќе ќелии од досега употребуваните решенија. Батеријата што ја конципира Тесла има 4.680 ќелии од која секоја има пречник од 46 мм и висока е 80 мм. Засега е извесно дека Римац работи на ќелии со цилидрична форма со истиот пречник, но експериментира со различни височини. Шефот за развој и напредни технологии во Rimac Technology, Васим Сарвар Дилов, вели дека се надева дека значајно ќе се унапреди производството на батериски блокови од планираните за 2023 година 40.000 ќе се зголемат на 200.000 во 2028 година. Дилов откри дека Римац преговара со три производители на батерии што би можеле да ги произведуваат батериите со нова конструкција.

Да потсетиме дека Римац е производител на батериските пакети за Aston Martin Valkyrie и шведскиот Koеnigsegg, а интересно е што се работи на олеснување на целиот батериски пакет без оглед на големината на ќелијата. Целта е 75 отсто од вкупната маса на батеријата да отпаѓа на самите ќелии. Моментално ќелиите во батеријата на Porsche Taycana сочинуваат 63% од вкупната маса, кај Teslа Model 3 64%, додека кај Rimac Neveri се 67%. Со помала тежина погонската група ќе се справува со помала маса на возилото и ќе биде подобрена густината на сочуваната енергија, односно специфичниот капацитет на струјата што може да биде складирана во батеријата во однос на сопствената маса. Според планот новата конструкција на батеријата со пречник на ќелиите од 46 мм треба да биде готова до 2025 година.


