Влез на следно ниво
Идните електрични модели од Млада Болеслав ќе бидат уште по функционални
Студијата за идните електрични возила на Škoda покажува дека Чесите се концентрираат на интериерот. Концептот за внатрешноста Vision 7S покажува дека иновативната и променлива внатрешна архитектура нуди простор за седум лица во три реда седишта. Одржливите материјали го карактеризираат минималистичкиот ентериер. Новиот дизајнерски јазик треба да понуди високо ниво на функционалност и интуитивна употребливост во дигиталниот свет. Внатрешноста се одликува со симетричен дизајн, со широка, хоризонтална табла која се протега до вратите за подобро чувство за простор. Според Оливер Стефани, шеф на Škoda Design, смета дека „новиот дизајнерски јазик е минималистички, функционален и автентичен“. Тимот ќе продолжи постојано да се потпира на класичните доблести на Škoda, како што се дарежливиот простор, леснотијата на користење и препознатливата функционалност.
Посебно се укажува на лизгачките внатрешни елементи и новоразвиените карактеристики во духот на крилатицата „Simply Clever“, како што е интегрираното детско седиште во централната конзола. Амбиенталното осветлување осветлува различни области во внатрешноста, обезбедува осветлување при влегување и излегување и обезбедува информации за статусот на полнење, меѓу другото. На потпирачите за грб на предните седишта има држачи за мултимедијални уреди за патници од вториот и третиот ред, како и интегрирани ранци. Со две различни конфигурации, може да понуди ново просторно искуство за „возење“ и „опуштање“. Во режимот на возење, сите контроли се идеални, а централниот екран на допир е вертикално порамнет. Релаксирачкиот режим може да се активира за време на товарење или кратко одмарање при што воланот и таблата со инструменти се лизгаат напред, а седиштата од првиот и вториот ред се лизгаат назад за уште порелаксирана положба на седење.


