Скапоцен камен во круната на Renault
Renault 5, еден од најлегендарните француски автомобили, оваа година го слави својот 50-ти роденден. По тој повод Пјер Гоналон кој е еден од водечките дизајнери и претставници на француското филигранство подготви негова специјална рестомод изведба која со право ја нарече Renault 5 Diamond. Ја одразува визијата на уметникот за автомобил од иднината за еден малку модерен но малку поинаков начин на живот, пренесувајќи ги, според неговите зборови, облиците и боите на својот универзум во светот на автомобилите. Инспирацијата ја има најдено во декоративната уметност кај накитот, што се гледа од бројните префинети детали, посебно во внатрешноста. Впрочем, разгледајте ја фото-галеријата и сé ќе ви стане јасно. Или пак ништо.

















