Rosenbauer – Пожарникари на струја

После десет години развој и тестирања, австриската компанија Rosenbauer започна со испораките на своето електрично противпожарно возило.

Возилото е конструкција целосно развиена во куќата и има два електромотора со вкупно 490 коњски сили кои ги задвижуваат сите тркала. Двете управливи оски му обезбедуваат мал пречник на вртење, а се движи и странично под мал агол. Може да биде опремено со еден или два пакета батерии со капацитет од по 66 киловат-часа кои му обезбедуваат автономија од 50 или 100 километри.

За целосна функционалност се грижи дизел моторот кој произведува струја за нив кога наполнетоста ќе падне под 20 отсто. Сите тешки компоненти се сместени централно меѓу оските што му обезбедува ниско тежиште и одлични возни карактеристики, а ослонувањето е воздушно и со прилагодливо растојание од подлогата. Цената на едно вакво возило со основната противпожарна опрема изнесува нешто помалку од милион евра.

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER