После долго време сериозни подготовки, развој и тестирања, модерниот наследник на класичниот Land Rover е подготвен за производство. Настанат како резултат на големата упорност на британскиот хемиски магнат Џим Ретклиф, Ineos Grenadier веќе од јули ќе се продава по цена од 49 илјади фунти.


