ПРЕМИЕРА – Range Rover Sport

Теренец и џентлмен

Пред нешто повеќе од 50 години, Land Rover комбинираше два навидум некомпатибилни елементи и воведе сосема нова категорија на теренски возила. До тогаш робусните теренци се користеа како работни коњи, а единствениот луксуз беа тапацираните седишта и греењето во кабината. А потоа дојде Range Rover… Комбинирајќи удобност, луксуз и одлични теренски способности британците формираа посебен сегмент по кого лудува целата планета. Иако се уште актуелниот Range Rover Sport изгледа свежо, JLR одлучи дека е време за замена. Како и со полуксузната верзија, дизајнот на новиот Range Rover Sport помина низ еволуција, а не револуција. Ваквиот пристап се очекува од основоположникот на класата давајќи јасен континуитет на „семејните вредности“. Ако дизајнот на каросеријата можеби не е визуелно спектакуларен, тоа е платформата. Range Rover Sport како основа ја користи MLA Flex, платформа која значително ја подобри торзионата цврстина на возилото. Покрај тоа, меѓуоскиното растојание е зголемено за 75 mm, а со тоа и понудата на простор во кабината. За разлика од луксузниот Range Rover, Sport е повеќе ориентиран кон возачот и динамичното возење и поради тоа, меѓу другото, е поблизок до подлогата за 20 mm Третата генерација на Range Rover Sport е полна со технолошки иновации и подобрувања, од погон на сите тркала, адаптивна воздушна суспензија, независни системи за дистрибуција на вртежениот момент па до хибридниот погон. Целосно новата плагин хибридна единица комбинира линиски Ingenium со шест цилиндри, електричен мотор од 145 КС и батерија од 38,2 kWh. Резултатот е вкупно 510 коњи, забрзување до 100 km/h за 5,4 секунди и можно возење само на електрична енергија до 120 километри. Понудата на мотори ја комплетираат бензинските P400 (400 КС) и верзиите D300 и D350 (300 и 350 КС) со дизел мотори. За две години во флотата ќе биде додадена целосно електрична верзија. Врв на „цивилната“ понуда на Range Rover Sport е 4.4 литрениот V8 твин турбо мотор со 530 КС. Звучи познато? Тој е дело на BMW и веќе се употребува во неколку модели со ознаката M50i. За оние што ова не им е доволно, радосна вест е дека најсилниот рафинат SVR е веќе во подготовка и се очекува да испорачува 630 КС. За внатрешноста производителот тврди дека е уште потивка со помош на систем кој со звукот од звучниците ја „покрива“ бучавата од моторот, ветерот и тркалата. Патниците ги пречекуваат висококвалитетни материјали, чиј избор е фокусиран на одржливоста. Секако, фината кожа сè уште е на списокот со опрема, но се користат и „вегански“ материјали направени од рециклирани шишиња. Централниот повеќенаменски екран ја користи платформата за инфозабава JLR Beer Pro додека инструмент таблата има екрани со дијагонала од 13,7 инчи. Стандардната опрема ја вклучува новоразвиената динамична воздушна суспензија, која за прв пат е опремена со прилагодлив волумен. Таа веднаш мобилизира адекватна програма според карактеристиките на подлогата, а информациите ги добива преку системот за навигација. Адаптивната шасија Dynamics 2 го проверува теренот 500 пати во секунда и на тој начин обезбедува импулси за оптимално поставување на амортизерите. Првите испораки на новиот Range Rover Sport се очекуваат во септември оваа година. Најавената цена на ЕУ пазарите се движи од 93.000 до 142.600 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER