Toyota Aygo – МАКЕДОНСКА ПРЕМИЕРА

Урбана герила

Новиот мал титан тргна во походот на македонскиот пазар. Означен како единствена опција на Toyota во сегментот „А“ Aygo X (инаку „Х“ се чита како „крос“) делува самоуверено и дрско. Изразените дизајнерски решенија се типични за теренските возила, но вкупната должина од 3,7 метри го прави вистински урбан фраер. Тоа го докажува со извонредните 4,4 метри радиус на вртење и големата маневрабилност во џунглата на асфалтот. Со растегнувањето на меѓуоскиното растојание профитира задната клупа па превоз на четворица не би бил спорен на кратки растојанија. Наменет на урбаните истражувачи AygoX е погонуван од добро познатиот трицилиндерски бензинец. Од неговите еден литар зафатнина не се изнудува многу сила, само 72 коњи, но ревидирањето донесе намалена потрошувачка. Дознавме уште дека цената започнува од 13.490 евра и, во зависност од нивото на опрема, достигнува до 18.750 евра. За повеќе информации посетете ја Тојота Авто Центар или www.toyota.com.mk

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER