Stellantis – Крагујевац на струја

Србија ја обезбеди иднината!

Со потпишувањето на договорот помеѓу групацијата Stellantis и Република Србија обезбедена е иднината на фабриката во Крагујевац. Во неа досега, со прекини, се произведува FIAT 500L, а веќе во 2024 година ќе почнат да излегуваат електрични автомобили. Челникот на Стелантис, Карлос Таварес и претседателот на Р. Србија Александар Вучиќ потпишаа договор со кого фабриката во Крагујевац ќе влезе во инвестицискиот фонд предвиден со планот Dare Forward 2030. Како што е предвидено, до средината на 2024 г. ќе почне производството на компактни возила поставено на една од четирите електрични платформи на групацијата. Тоа практично значи дека соседна Србија ќе стане стратешки центар за електрификација на поширокиот регион. Така, не само што се задржуаа постоечките, туку ќе се отворат нови работни места и ќе се зголеми профитабилноста. Република Србија е сопственик на 33% од уделот во крагујевачката фабрика. Стратегијата на Стелантис предвидува инвестиција од 30 милијарди евра до 2025 година во која три погонски модули со стандардизирани батерии ќе се вградуваат во четири категории возила. Нам ни останува да им честитаме на соседите и сериозно да се запрашаме што правиме ние да се приклучиме во современите индустриски токови?

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER