Електричните возила со батерија се омасовуваат но сé погласни се критиките упатени на начинот на кој струјата се добива и процесот на изработката на батериите. Погонот на водород со горивни ќелии ветува многу. Од процесот на согорување нус појава е чиста вода, нема да има потреба од батерии, а ќе се задржат сите предности на електричниот погон. Тој веќе е оперативен во комерцијалните возила и зема сé поголем замав. Добар показател дека горивните ќелии имаат светла иднина е студијата А4810 оверена од Alpine.