Opel ќе го истражува осветлувањето со Техничкиот Универзитет од Дармштат
објавено 25. февруари 2022 година
Проектот „Open Labs“ е дел од глобалната истражувачка мрежа на Stellantis
Со неа во истражувањата на идни производи и усовршување на постоечките, се вклучени универзитети од целата планета. Најновиот пример доаѓа од Германија каде е отворен првиот европски, а во светот 15-ти, центар на проектот OpenLabs. Opel го избра Техничкиот Универзитет од Дармштат со кого заедно ќе ги унапредува функциите на Intellilux LED Pixel осветлувањето.

На неодамна промовираната Astra светлата се опремени со новата генерација со 168 ќелии по фар. Претседателот на германската марка Уве Хохгешурц ја нагласи важноста на осветлувањето на патот со безбедноста и олеснувањето на функцијата на повеќе системи. Појдовна точка ќе биде концептот на осветлување кај Opel Manta GSe ElektroMOD, т.н. Pixel визир, кој веќе покажува како безбедноста во патниот сообраќај може да се зголеми преку иновативни системи за осветлување преку холистички поглед.

Затоа, истражувањето во OpenLabѕ во ТУ Дармштат се фокусира на понатамошниот развој на системите за комуникација и помош на возачот, адаптивни системи на предните светла, задните светла, внатрешното осветлување и изворите на светлина воопшто. За двата партнера, новата отворена лабораторија значи победничка ситуација на патот кон идните генерации на светлина: Stellantis може да ја искористи стручноста на кадарот на реномираниот ТУ Дармштат за да ги пренесе наодите од истражувањето во системите на возилата, а докторантите на TU може да ја користат автомобилската и техничката инфраструктура на компанијата за да ги тестира нивните замисли на терен.



