Европско искуство за глобален развој
објавено 24.02.2022
Американскиот производител на електрични камиони со големи амбиции
Последната година беше возбудлива за Михаел Лохшелер кој смени три жешки столчиња. Од позицијата прв човек на Opel се префрли на исто ниво кај виетнамскиот VinFast. По само шест месеци во Азија, повторно стана „либеро“ за да биде именуван за кормилар на Nikola Corporation која дизајнира и произведува возила со батерии со нула емисија и електрични возила со водород, погонски склопови на електрични возила, компоненти на возила, системи за складирање енергија и инфраструктура на водородни станици. Стратегијата за експанзија ќе биде оформена со искуството што го носи младиот ветеран Лохшелер (53). Веќе е јасно дека американците ја меркаат Европа каде има капацитет да се произведува нивниот влекач. Тој има електрична батериска и верзија на водородни горивни ќелии. Најпогодна за производство на двете изведби е фабриката на Iveco во Улм во која веќе се вршат неопходните адаптации.


