Коцката е фрлена!
Господарот на прстените ги електрифицира поданиците

Подружницата на Audi е во процес на тестирање на првиот прототип наменет за настап во новиот електричен Moto GP. Ducati од 2023 година треба да ги започне своите настапи во ново формираната категорија. Првите кругови ги направи фабричкиот тест-возач Микеле Пиро на тркачката патека Мисано. Тој самоуверено ги испитуваше потенцијалите на прототипот со шифра V21L. Тоа е првиот електричен мотоцикл на Ducati. Неговата декларирана цел е да биде основа на патна машина со електричен погон паралелно со тркачкиот.



