VinFast – Лохшелер слободен играч

Љубовта траеше шест месеци

Германецот Михаел Лохшелер го препушта кормилото

По само шест месеци доаѓа до смена на водечката позиција во VinFast која ја превзема заменик претседателот на Vingroup, Виетнамката Ле Ти Ту Туј (Le Thi Thu Thuy). Лохшелер ја напушти функцијата се враќа во Европа поради лични причини, се вели во соопштението. Лохшелер ја напушти својата работа како извршен директор на Opel во јули за да го предводи обидот на VinFast да стане „глобална компанија за паметни електрични автомобили“, со акцент на растење на бизнисот на брендот во Европа и Северна Америка. Туј директно ќе биде одговорна за надгледување на деловните активности на VinFast на неговите сегашни пазари, вклучувајќи ги Виетнам, САД, Канада, Франција, Германија и Холандија. Во наредниот период, таа, исто така, ќе води активности за истражување на пазарот и проширување на други потенцијални пазари на глобално ниво.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER