Peugeot 308 – Во финалето на COTY

Петти пат меѓу финалистите

Квалитетите на 308 препознаени од жирито

Новиот Peugeot 308 со своето хечбег и караванско издание се приклучи на најтесната листа од седум кандидати кои ќе се борат за титулата „Автомобил на годината во Европа“. Конкуренцијата е остра и ја сочинуваат Cupra Born, Ford Mustang Mach-E, Hyundai Ioniq 5, Kia EV6, Renault Mégane E-Tech и Škoda Enyaq iV. Од таборот на Peugeot се оптимисти и ја посакуваат нивната четврта европска круна. Силниот дизајн го рефлектира ДНК-то на марката, со вертикалните LED предни светла и светлата во форма на лавовски канџи назад. Неговиот i-Cockpit сочинет од компактен управувач, дигитална инструмент табла во висина на погледот, централен екран на допир со копчиња што може да се конфигурираат и системите за помош при возење од најновата генерација го гарантираат удобството во возењето. Новиот 308 ќе биде достапен со плаг-ин хибридни мотори од 180 или 225 КС, бензински или дизел агрегати.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER