Suzuki : GSX-S 1000 GT

Подготвен и за патека!

Моќниот мотор е издресиран да служи во спортски турер

објавено 27. септември 2021

Од следната моторциклистичка сезона Suzuki ќе го нуди спринтерот GSX-S 1000 во GT изведба на спортски турер. За таа цел, четирицилиндерскиот мотор од генерацијата F беше модифициран во корист на похомогена испорака на сила и благо зголемување на вртежниот момент. GSX-S 1000 GT има нов издувен систем и промени во всисните вентили. Облогата, оптимизирана во воздушен тунел, има ново дизајнирано ветробранско стакло и странични крила за заштита од ветер и временски услови.

Новиот управувач придонесува за порелаксирана положба на седење, додека возачот и сопатникот поставени се на извишени позиции. Suzuki GSX-S 1000 GT опремен е со темпомат, систем за лесно стартување и USB С приклучок. За оние што на прво место ги ставаат перформансите од корист ќе биде податокот дека 151 КС што ја испорачува моторот се дистрибуира преку  автоматски менувач со двојна спојка и петстепена контрола на тракцијата. Страничните куфери за задниот дел се дел од дополнителната опрема за подготвените на долги тури. Новиот модел ќе биде достапен од декември во три варијанти на бои и перформанси дотерани да се вози на патека, но без куфери!

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER